Ферари може да ги промени боите по официјалната промоција

Можно е Скудерија Ферари да чекаат до вториот предсезонски тест во Абу Даби пред да ги откријат вистинските бои и шари на болидот со кој ќе се тркаат оваа сезона.

Италијанците веќе потврдија дека својот овогодинешн болид ќе го претстават на 17 Февруари, една недела пред првиот предсезонски тест крај Барселона. Но, можно е новиот болид да не биде со официјалниот дизајн и бои со кои ќе тркаат сезонава, а се најавува радикален аеродинамичен концепт и силно подобрен мотор.

Планот на тимот е болидот да биде промоциран неколку денови пред истиот авионски да биде пренесен во Барселона каде ќе се проба за прв пат, еден пред пред првиот официјален тест. Сепак, најавите се дека Скудерија нема на првиот тест да ги има официјалните бои со кои ќе се трка, туку, истите ќе бидат прикажани на вториот тест во Бахреин на 10 Март.

Планот на спортот е првиот тест во Шпанија да се одработи без публика и без присуство на телевизиски камери, а вториот да биде пренесуван во живо и да биде фактички промоција на сезоната. Тоа значи дека и екипите ќе откријат поголем дел од своите новини на вториот тест, со што интересот за истиот би се зголемил.

Шпекулациите велат дека болидот кој Скудерија ќе го прикаже на промоцијата и ќе го вози во Барселона ќе биде во традиционална светло црвена боја, многу слична боја со овогодинешната, а потоа, за вториот тест, тие ќе ги прилагодат своите бои во мат и потемна нијанса која ќе се разликува од онаа со која ја славеа својата 75-годишнина.

Темната мат боја со која италијанците ја славеа својата 75-годишнина на домашното Муџело во 2020 година се покажала како многу популарна, така што намерата е да се користи истата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ