Васур признава: Невозможно е да се копира подот на Ред Бул

Подот на Ред Бул беше разоткриен по сударот на Серхио Перез во Монако, но да се преземе нивната дизајн филозофија е полесно да се каже отколку да се направи.

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, инсистира на тоа дека е невозможно да се копира новооткриениот под на Ред Бул во обид да се намали разликата до лидерите во шампионатот во Формула 1.

Сударот на Серхио Перез за време на тренинзите за Големата Награда на Монако ги принуди редарите да го оддалечат РБ19 подалеку од местото на несреќата, обезбедувајќи прв увид во сложениот дизајн на подот што во голема мера влијаеше на доминацијата на тимот од Милтон Кинс досега оваа сезона.

Но и покрај собирањето голем број фотографии од компонентата, Васур објасни дека спроведувањето на некои од решенијата на Ред Бул не би било лесно.

Мислам дека сите имаме многу слики од другите болиди – изјави Васур.

Но тогаш е доста тешко, па дури и невозможно да се обидете да копирате нешто бидејќи тоа е повеќе глобален концепт и не можете да копирате само еден дел од болидот.

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, му аплаудираше на Ред Бул за нивната иновација и верува дека погледот на подот нагласува зошто тие се тимот што треба да се победи, откако обезбедија победа во сите шест трки оваа сезона.

Јас лично поминав некое време гледајќи во подот, но 100те аеродинамичари во Мекларен ќе посветат уште малку време – рече Стела.

Тоа е навистина многу интересно и исто така ја покажува сложеноста и квалитетот на нивниот развој. Така да бидам искрен, кога го видов тоа, им симнав капа на Ред Бул, можам да разберам зошто имаат ваков вид на изведба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ