Поради спринтот, Ферари нема да носи надградби на Имола

Ферари нема да носи големи надградби на својот болид на следната трка за Големата награда на Емилија Ромања во Имола бидејќи не сака да има проблеми на викендот со спринт трка. 

Следниот викенд ќе биде тежок за екипите поради проблемите со логистиката и ограничениот буџет бидејќи имаат далечна трка поради прелетот од Австралија во Европа. Стартот на европскиот дел од сезоната е во Имола каде се очекуваа првите големи надградби, но сепак, Ферари се одлучија да не го прават тоа. Се чини дека одлуката е донесена во последен момент и ќе ги почекаат наредните трки. 

Мислам дека ќе биде тежок викенд во однос на надградбите и затоа ќе правиме проценка на тренинзите бидејќи сакаме да се фокусираме на квалификациите. Мислам дека Имола не е вистинското место. Мора да ги средиме досегашните проблеми, а Подоцна ќе донесеме големи надградби и новини – посочи шефот на тимот, матиа биното.

Ферари води во генералниот пласман поради победите на Шарл Леклер во Бахреин и Австралија, а Биното изјави дека ова е над неговите очекувања. 

Изненаден сум. работевме напорно и дадовме приоритет на сезонава. Се надевав на конкурентен болид, но не на толку добар старт. Мислам дека не чекаат добри борби на наредните трки. 

За победите на Ферари многу помогна откажувањето на Верстапен иако тие се побрзи од Ред Бул. 

Мислам дека имаме балансиран болид во однос на менаџирање на гуми и возачите добро се справуваат, Но мислам дека мора да поработиме на потисната сила и брзината на правиците. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ