Ферари: Не сакаме Леклер да менува ништо

Ферари тврдат дека не сакаат Шарл Леклер да промени ништо во врска со неговиот стил на возење.

Моначанецот беше вклучен во неколку грешки на патеката оваа година, особено во Франција, каде што излета додека водеше во трката и имаше одлична шанса да победи, а претходно сезонава се изврте додека го бркаше Серхио Перез од Ред Бул за второто место на Големата Награда на Емилија Ромања, што го чинеше вредни поени во шампионатот.

Леклер моментално се наоѓа на второто место во поредокот за возачи со 80 поени помалку од Макс Верстапен од Ред Бул, кој се чини дека е на пат за уште една титула. Ферари имаа и други проблеми оваа година, со сигурноста што го попречи Леклер во неколку наврати, додека тој исто така беше ставен на лоши стратегии.

Директорот за трка на тимот Лоран Мекиес го пофали Леклер за брзината што ја покажуваше во текот на годината и тврди дека Ферари не сака 24-годишниот возач да го промени својот пристап кон тркачките викенди.

Тој повторно покажува толку извонредна брзина оваа година што не сакате да го сопрете тоа. На Шарл не му треба ние да сфатиме дека е одличен возач за да разбереме каде треба да оди во однос на лимитот. Тој е мајстор за тоа и како и сите ние, може да се случат грешки. Мислам дека не гледаме на поединечни грешки.

Гледаме колку е извонреднен да прави добро некои работи во споредба со работи што не ги прави толку добрo и мислам оваа година беше многу, многу импресивен и не сакаме тој да промени ништо.

Леклер ќе се врати од летната пауза овој викенд во Белгија, на местото каде што ја освои својата прва гран-при победа пред три години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ