Ферари носи нова спојка за подобри стартови

Ферари носат нова спојка во Франција за да ги подобрат стартовите и неа ќе ја користат и клиентските тимови Алфа Ромео и Хаас. 

Стартовите на Алфа Ромео се посебен проблем оваа сезона, но и фабричкиот тим има слични проблеми и не често не успева да ја задржи пол позицијата која ја освојува на најголем дел од трките. Од тимот не појаснуваат дали се работи за нова спојка туку само дека некои технички детали се променети. 

Карлос Саинз потврди дека Ферари имале проблеми со спојката оваа сезона. 

Најдовме проблем во болидот поради кој немавме добри стартови. Тоа е сигурно проблем и кај клиентските тимови. Знаеме каде е проблемот, но не го кажуваме и не зборуваме многу за тоа. Се надеваме на подобраувања во текот на годината. 

Ботас се надева дека промената на спојката ќе им го реши проблемот со стартовите и призна дека му требало време да се привикне откако дошол во тимот. 

Конечно имаме нова спојка. Ќе ја пробаме на тренингот и мислам дека Ферари работеше доста време на ова. Сега конечно е тука и ќе видиме дали ќе ги спречи осцилациите.

До сега губевме позиции на стартот, но се надевам дека тоа ќе се поправи. Мислам дека најголем проблем се осцилациите. Во моментот кога се пушта спојката има повеќе осцилации и поради тоа немаме добар старт. Се е различно во Алфа од Мерцедес. Но сега ни е потребна константност. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ