Ферари остануваат посветени на Ф1 и покрај победата на Ле Ман

Скудерија Ферари обезбеди неверојатна победа на 24 Часа Ле Ман во време кога Ф1 тимот поминува низ тежок период исполнет со падови.

Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, инсистира на тоа дека инвестициите ќе продолжат во Ф1 програмата на италијанскиот производител и покрај сензационалната победа на Ле Ман.

Автомобилот возен од Алесандро Пјер Гуиди, Џејмс Каладо и Антонио Џовинаци го победи тимот на Тојота за да обезбеди прва победа на Ферари на патеката од 1965 година.

Зборувајќи по нивниот триумф на култната трка, Виња изјави за Еуроспорт:

Тоа уште еднаш покажува дека Ферари е уникатен и дека правиме неспоредливи автомобили. Тоа е уникатен автомобил.

Следната цел? Да продолжиме да победуваме.

Дали лошиот почеток на сезоната во Формула 1 беше стресен за мене? Знаете, имам позначајни причини за стрес.

За тимот ова е шанса да се подобри и да научи многу. Мора да изградиме машина која ќе биде подобра од претходната, но ова правило важи за сè што правиме.

Во врска со посветеноста на Ферари во Ф1, тој додаде:

Спортот е многу важен за нас, трките се во ДНК на нашата компанија.

Значи, Формула 1, Светски шампионат во издржливост, ќе продолжиме да инвестираме таму бидејќи гледаме многу технологии кои можат да одат од патека до секојдневни автомобили.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ