Ферари потпиша: Новиот Конкорд договор нуди раст

Скудерија Ферари потврдија дека ги потпишале двата елементи од новиот Конкорд договор кој треба да ја обезбеди иднината на спортот од 2021 година до 2025 година откако претходно истиот беше преговаран со Формула 1 и со ФИА.

Екипата од Маранело стана втора од 10те екипи откако Мекларен беа први кои го сторијатоа, а вчера беше и крајниот рок за договорот. Либерти понуди и финансиски бонуси за оние екипи ккои на време ќе го потпишат договорот, така што сите најавија подготвеност за тоа.

Луис Камилиери, Главниот извршен директор на Ферари потенцираше дека новиот договор нуди стабилност и раст на спортот.

задоволни сме што повторно потпишавме документ кој е јавно познат како конкорд договор кој ќе ја регулира формула 1 следните пет години. се работи за важен чекор за да се обезбеди стабилност и раст на спортот. убедени сме дека соработката со фиа и либерти медиа може да го направи спортот уште поатрактивен и спектакуларен додека во исто време се задржува статусот на врвен техноошки предизвик.

тркањето е во сржта на ферари и не е коинциденција што скудерија е единствена екипа која учествувала секоја година во формула 1 првенството и станала интегрален и клучен дел од успехот на тркачката серија.

Првиот човек на спортот, Чејс Кери, ја потенцираже важноста на долгорочното останување на Ферари во спортот.

скудериај ферари и формула 1 се заедно од 1950 година и среќни сме што тој однос продолжува и во иднина како дел од днк на спортот. во патот кој води до новиот конкорд договор ние ставивме акцент на конструкторската улога на ферари и секогаш целевме да го направиме врвот на моторпортот посилен, фер и издржлив.

сега почнуваме да работиме заедно за да се осигураме дека формула 1 ќе стане уште поспектакуларна и атрактивна за стотиците милиони фанови низ светот кој го обожаваат спортот.

Своето задоволство не го криеше нити Жан Тод, сегашниот прв човек на ФИА, а поранешен шеф на Ферари.

ова е врвот на моторспортот и природно е најуспешните екипи во серијата да бидат учесници во него и да продолжи уште многу годиин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ