Ферари претпазливи со промената во квалификациите

Како ќе влијае промената на Големата Награда на Унгарија?

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, предупреди дека промената на правилата за квалификациите за викендот за Големата Награда на Унгарија мора да се разгледа внимателно.

Во Будимпешта ќе се користи алтернативна распределба на гуми, со само 11 комплети достапни по болид во споредба со вообичаените 13 додека продолжуваат напорите за одржливост.

Како дел од измените во распределбата, тимовите ќе бидат обврзани да користат хард гума во К1, медиум гума во К2 и софт во К3.

Доколку промената, која исто така ќе се воведе на Големата Награда на Италија по летната пауза, биде успешна, ќе се гласа за постојано користење следната сезона.

Васур изјави:

Овој викенд, за прв пат, сите тимови треба да се справат со новите квалификациски правила кои се однесуваат на употребата на една гума за секоја фаза од квалификациите, што додава уште една променлива што треба внимателно да се погледне, со оглед на тоа колку рамномерно се совпаѓаат повеќето тимови.

Ферари најде подобрување откако воведе низа надградби на Шпанското ГП, наоѓајќи поголема конзистентност помеѓу квалификациите и трките за да направи чекор напред кон врвот на пласманот.

Таа форма доживеа удар со деветтото и десеттото место на Британското ГП, иако Васур не е трогнат од малиот чекор наназад.

Решени сме да продолжиме да напредуваме, што започна со воведување на неколку технички надградби на СФ-23 – додаде Французинот.

Дури и ако во Силверстон забележавме пад во нагорниот тренд, имаше јасни знаци на напредок во Канада и Австрија и веруваме дека сега имаме болид кој ќе им овозможи на Шарл и Карлос да го дадат својот максимум на Хунгароринг.

И на двајцата им се допаѓа оваа патека и одлично се подготвија за овој викенд, посветувајќи особено внимание на квалификациите, кои секогаш се многу важни на оваа тесна патека.

Очекуваме да се бориме во близина на челните позиции во сабота и недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ