Ферари промениле сè на болидот на Леклер

Проблемите го принудија Шарл Леклер да го пропушти Т2 на Силверстон, а Ферари одлучија да не ризикуваат за саботните и неделните сесии.

Леклер вели дека Ферари промениле сè што не било во ред со неговиот СФ-23, откако проблемите предизвикаа да пропушти цела  тренинг сесија за Големата Награда на Британија.

Откако постави охрабрувачко време на отворањето во Силверстон, Леклер не излезе на патеката во попладневната сесија бидејќи електричен проблем го попречи неговиот обид.

Тимот се обиде да го реши проблемот, но на крајот го призна поразот, иако како добра вест за Скудерија, Карлос Саинз заврши само 0,022 секунди зад најбрзиот во Т2, Макс Верстапен.

Возачот од Монако откри што направиле механичарите на Ферари:

Имаше мал проблем на болидот, мислам дека тимот идентификуваше што тргна наопаку – објасни тој за медиумите.

Во основа сменивме сè што не беше во ред со болидот и треба да биде добро за квалификациите.

Тоа беше електричен проблем, така што не треба да има никакво влијание на нашиот викенд, освен очигледно недостатокот на километри и кругови во Т2.

Малку е несреќно, бидејќи тоа е периодот кога се подготвуваме за трката, а за недела се чини дека ќе биде суво, па ќе биде малку непознато за нас.

Треба да биде многу различно со дожд за квалификациите.

Се радувам на променливите услови, малку се мачев, но работев многу на тоа и уверен сум дека ќе биде подобро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ