Ферари рано престанале со развој на болидот

Матиа Биното откри дека ритамот и брзината на Ферари на скорешните трки заостанува споредено со конкурентите затоа што доста рано го насочиле фокусот на следната сезона.

По Мексиканското Гранд При каде тимот од Маранело се мачеше, а Мерцедес беа главни конкуренти на Ред Бул, многумина останаа изненадени.

не е јасно што се случува со ферари. веројатно го напуштиле развојот на болидот и се насочиле на следната сезона, а веројатно и други екипи одбраа слична тактика. ред бул сум сигурен дека го прават истото и поради тоа останатите им се доближуваат во однос на перформанси – анализира поранешниот возач, русинот виталиј петров.

И возачот на тимот, Карлос Саинз, потврди дека погледите се веќе насочени на она што ќе се случува во 2023 година.

ќе биде нова година и нов болид, нови правила за подот и нова шанса за нас. ќе изнесеме заклучоци од се што се случи оваа сезона и ќе изградиме уште посилен болид. подготвен сум да се борам и нетрпелив сум да видам колку ќе напредуваат конкурентите затоа што изгледа се веќе многу блиску до нас.

Од Мерцедес се свесни дека го минале Ферари во поредокот само поради тоа што италијанците престанале со развојот на овогодинешниот пакет.

ризикувавме и потрошивме повеќе ресурси од ионака ограничениот буџет само за да разбереме што не е во ред со нашиот концепт кој во фабриката и на симулациите е многу брз, но на патеката не е така. сакавме се да разбереме во врска со в13 и да создадеме наследни кој нема да ги има истите проблеми.

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, ги потврди сомнежите на Петров во врска со перформансите на болидот од Маранело.

доста рано престанавме да го развиваме нашиот болид и се фокусиравме на 2023 година. некако не сум загрижен од разовјот затоа што точно знам кога престанавме да работме на развојот.

мерцедес подолго од нас го развиваа болидот, така што не сум загрижен што дојдоа блиску до нас. секако имавме и ние потенцијал, но немаше финансиска причина да прдолжиме да го трошиме буџетот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ