Ферари раскина со Hublot и потпиша со Richard Mille

Скудерија ФЕрари ја завршија долгогодишната соработка со стратешкиот партнер, швајцарскиот производител на луксузни часовници Хублот, а во иднина ќе соработуваат со исто така швајцарскиот часовничар Ришар Мил.

Хублот и Ферари почнаа да соработуваат во 2011 година и имаа долгогодишно стратешко партнерство кое официјално почна на почетокот од 2012 година при што Хублот стана официјален часовник на Ферари.

Портпарол на Скудерија потврди дека спонзорскиот договор со компанијата од Женева завршил на 31 Декември минатата година по што двете страни одлучиле да не продолжуваат заедно. 

Хублот ќе биде наследен од Ришар Мил компанијата основана во 1999 година со седиште во швајцарски Ле Бруле и има 148 вработени комбинирајќи ги врвните технолошки иновации со огромно историско наследство.

Еден од основачите на компанијата по која таа го носи името, Ришар Мил, е претседател на Ендјуранс комисијата на ФИА, а миантите неколку години тие соработуваа со многу возачи и Формула 1 екипи како Алфа Ромео, Хаас и Мекларен.

Во 2017 година Ришар Мил и Мекларен Аутомотив потпишаа 10-годишен партнерски договор, а истата година компаниајта стана и официјален партнер на Јас Марина патеката во Абу Даби како и славниот француски Пол Рикар на Ле Кастеле.

Годинава освен Ришар Мил, партнери на Скудерија Ферари ќе бидат и Пирели, Касперски, УПС, Мале, ОМР, Пума, СКФ, ВистаЏет, Марели, НГК, Брембо, Риедел, ИВеко, ПАлантир, Бел кациги, ТехноЏим, Алфа Ромео, Гарет Адвансд Моушн, Сабелт и Радиобук.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ