Ферари сепак со подобрувања за Штаерското Гранд При

Ферари се надеваат дека ќе можат да ги забрзаат некои, ако не сите, поголеми подобрувања планирани за Унгарија на трката следниот викенд во Австрија, именувана како Штаерско Гранд При поради областа во која е лоцирана Ред Бул Ринг.

Италијанскиот тим во Австрија се појави знаејќи дека заостануваат, а болидот беше со истите спецификации од предсезонските тестови во Барселона. Тоа е бидејќи тимот откри грешки во аеродинамиката со СФ1000 на тестовите и одлучи целосно да го промени дизајнот. Промените беа планирани за третата трка на Хунгароринг.

Во обид да се движиме напред, некои од планираните подобрувња за Унгарија ќе бидат воведени следниот викенд.

Знаеме дека не чека многу работа. Ова сигурно не е позицијата во која тим како Ферари треба да биде и мора да одговориме веднаш. Јасно дека мора да се подобриме секаде. Единственот решение е да реагираме и задоволен сум со реакцијата и работата на Матиа и тимот во секоја област. Не само што ќе доведат на патеката нешто денес што било планирано за утре, туку и брзината со која ќе развиваат на следните трки – изјави Луи Камилери од Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ