Ферари се жртвувале за помалите екипи

Ферари открија дека финансиски се жртвуваат во преговорите со Формула 1 за по 2021 година, жртва наменета да им користи на помалите екипи со цел да се постигна економската исплатливост и издржливост на тркачката серија.

Буџетско ограничување од 175 милиони долари ќе биде на сила од 2021 година, но истото нема да се однесува на развојот на моторот и платите на возачите, како и на топ 3 најплатениот тимски персонал. Дополнително, ќе има и нови технички и спортски правила за кои во моментов се преговара при потпишување на новите Конкорд договори.

Формула 1 сака да се потпише еден Конкорд договор со сите тимови наместо поединечни договори, а Ферари сметаат дека преговодите ќе донесат еднаква распределба на приходите од страна на сите екипи на гридот.

мислам дека стигнавме до добар компромис во однос на ограничувањето на буџетите и трошењето кои ќе се однесуваат на шасијата. ние бевме за тоа поради фактот што сметаме дека има економска издржливост за формула 1.

со тек на време ограничувањето ќе се однесува на повеќе делови од болидот, на моторот и возачите и други работи затоа што во моментов спортот не е економски изджлив и како таков ќе умре.

сметаме дека наша одговорност е да се осигураме дека спортот ќе биде економски исплатлив и во тоа мораме да кажеме дека имаме поддршка и мораме да направиме жртви за да помалите екипи добијат повеќе пари.

сеуште не сме стигнале до целта, има ушт едетали, но принципите се добро поставени. кога имате 10 екипи имате многу различни гледишта и секогаш ќе има различни дискусии – смета луис камилиери, извршниот директор на ферари.

Бонусот за историско учество на Ферари ќе биде дел од новиот договор откако Ферари години наназад е екипата која зема најголем дел од приходите кои ги генерира тркачката серија. Камилиери откри дека во водење на преговорите италијанците ја гледале големата слика освен своите интереси.

годинава беше критична во однос на финализирањето на конкорд договорот како и различни поглавја од финансиските односи и техничките правила. исто така се договара и раководењето со спортот и таму има зналителен напредок.

ние како ферари превземавме водечка улога во тие преговори поради нашата историја и поради важноста на формула 1 за ферари – објасни камилиери.

Тој додаде дека е среќен и задоволен со напредокот кој го направиле 10те екипи н гридот и се надева дека новиот договор ќе биде многу брзо потпишан.

убеден сум дека ќе биде потпишан договор во најдоабр интерес на сите. моето искуство со одредени рабоди и деловни активности е дека кога има голема конкуренција тешко е да се задоволат сите, но на крајот на денот сите имаат корист од решение.

матиа биното имаше клучна улога во преговорите со фиа и другите екипи така што задоволни сме со целокупниот напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ