Ферари тестираа неколку нови надградби инспирирани од Ред Бул

И Карлос Саинз и Шарл Леклер ги пробаа новите делови во Маранело како дел од доделениот ден за снимање, пред Австриското ГП.

Ферари го искористи денот на снимањето во Маранело за да ги тестира нивните најнови надградби на болидот пред нивното претставување на Австриското ГП.

Карлос Саинз го возеше СФ-23 наутро, а Леклер го превзеде во попладнето за да ги заврши 100те километри дозволени со прописите.

И двајцата тестираа нов склоп на предните крила, кој е инспириран од РБ19. Се очекува Ферари да дебитира и со ново задно крило во Австрија.

Подоцна во попладневните часови беше поставен нов под. Вентури тунелите на подот исто така сега имаат заоблен влезен раб, кој е сличен на оние што се користат на РБ19.

Надградбите главно се насочени кон подобрување на возните својства на СФ-23, откако и Саинз и Леклер забележаа дека недостатокот на конзистентност е главниот фактор што ги попречува нивните перформанси на трките.

Тимот покрена агресивна стратегија со пневматиците за да заврши на четвртото и петтото место во Канада на една од најтешките патеки на деградација, при што Ред Бул, исто така, стравуваа од нивното темпо во трка кога започнаа повисоко од 10то и 11то место на гридот.

Тимскиот шеф, Фредерик Васур, рече дека Ферари не се занесува по позитивните знаци, но верува дека тоа е чекор во вистинската насока.

Не треба да донесуваме заклучок за ситуацијата или сезоната по една трка – изјави Васур за медиумите.

Монтреал е малку поинаков, се работи многу со тротоарите, патеката не е гумирана, но вистина е дека одиме во вистинската насока и се надевам дека ќе биде така и во Австрија.

Ферари планира да воведе постепени надградби во текот на целата сезона за да ја намали разликата со Ред Бул, откако Васур во Канада призна дека не е љубител на големи пакети за надградба.

Се обидуваме да го задржиме истиот пристап, ќе донесеме некои делови и ќе се обидеме да продолжиме чекор по чекор. Не сум голем обожавател на голем пакет надградби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ