Ферари тестира на Имола, дали се пробува новиот мотор ?

По трите последователни трки, тимовите имаат една недела слободна пред да отпатуваат во Сочи за трката за Големата награда на Русија. 

Но, некои екипи не одмараат. Вчера Ферари имаше приватен тест на Имола со нивниот болид од 2018 година СФ71-Х. Шарл Леклер и Карлос Саинз седнаа зад воланот на болидот. Тимовите имаат дозвола слободно да возат со болиди постари од две години. 

Според пишувањата на некои медиуми, Ферари собира аеродинамички податоци од крилата на Имола. Се чини дека има проблем помеѓу корелацијата на податоците од симулаторот и патеката. Иако има забрана за тестирање на моменталните болиди сепак тоа не важи и за моторите. 

Поради ова се јави сомнеж дека Ферари можеби го тестираат новиот мотор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ