Ферари форсира да се врати во форма

Ферари Формула 1 тимот работи напорно во фабриката за да донесе надградби на нивниот болид бидејќи не се среќни со перформансите. 

Минатата година беа достоен конкурент на Ред Бул., но оваа сезона, Ферари се послаби од Астон Мартин и Мерцедес кај конструкторите. Ривалите одлучија да ги донесат во Монако надградбите планирани за Имола, но Ферари се одлучи да ги задржи до Барселона. 

Работиме напорно во фабриката да направиме надградби што е можно побрзо бидејќи не сме задоволни од перформансите. Мислам дека резултатите не ни се според целта и сакаме да сме побрзи. Ќе продолжиме со работа во секој случај – вели фред васур, шефот на екипата од маранело.

Французинот изјави дека ги чека напорна работа поради слабите перформанси. 

Целта не е постигната, Целта е да напредуваме и да завршиме подобра работа. Кога ќе анализираме што е слабо на болидот, ќе работиме да го поправиме. Би било грешка да мислиме дека се е до аеродинамиката. Перформансите доаѓаат од секаде и Секој е одговорен за перформансите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ