Ферари цели на подиуми до крајот на сезоната

Иако сеуште не се во позиција редовно да ги предизвикуваат топ тимовите, сепак Биното смета дека Ферари ќе се обидат да бидат на подиум до крајот на сезоната. 

Откако дебитираа со новиот хибриден систем во Русија, двајцата возачи возеа со него во Турција. Во еден момент во Турција, Ферари со Леклер можеа да победат, но тоа не се случи бидејќи гумите беа потрошени. 

Ваков резултат ќе значеше прекин на две години долгата серија без победи, иако сепак Биното смета дека на последните шест трки тие ќе целат на подиум. 

Мислам дека сум реален. Многу сме поблизу на последните трки и неопходно е да останеме напред. Оваа позиција со новиот мотор ни отвори нов поглед и мислам дека сме одлични. Гледам подиум на секоја наредна трка. Тоа се многу важни поени за тимот. Веќе освоивме 10 поени повеќе од Мекларен во Турција и добро е да го одржиме резултатот – потенцира биното.

Во моментов Ферари е 7.5 поени зад Мекларен во генералниот пласман. Одличното возење на Саинз направи голема разлика за тимот.

Саинз извозе одлично додека Рикардо остана назад. Тоа е разликата која ни ги донесе поените. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ