Ферари шокирани што го загубиле Саинз по 300 метри

Тркачкиот директор на Ферари, Лоран Мекиес, призна дека начинот на кој Карлос Саинз бил елиминиран од трката во САД во првиот свиок било шок за тимот.

Карлос Саинз ја освои својата трета пол позиција во Формула 1 во саботата во Остин, но неговата трка траеше само до првиот свиок откако Џорџ Расел удри во шпанецот додека вториот беше зафатен со обидот да ја врати својата позиција од Макс Верстапен. Шарл Леклер, се квалификуваше втор и мораше да стартува од 12то место на гридот откако ги зеде новите компоненти на моторот, но се избори за да заврши трет на крајот.

Сумирајќи ја трката, Лоран Мекиес, тркачки директор на Ферари, изјави:

Имаме многу, многу измешани чувства. прво, Беше шокантно да се изгуби Карлос така по 300 метри и ретко е да се видат вакви работи да се случуваат во денешно време.

Тоа е дел од играта, но секако е штета. Тоа беше одлична можност и мислам дека од таму каде што беа Ред Бул, ќе беше одлично да бевме во борбата со Карлос – посочи французинот.

Што се однесува до трката на Леклер, Мекиес коментираше:

Од другата страна, стартувајќи од 12то место со Шарл и во одреден момент да се биде во втора позиција беше брилијантен начин да се помине низ гридот, па тоа беше многу добро за Шарл и за тимот.

Мислам дека во некоја фаза имаше добра борба со Макс, се трудеше многу. Мислам дека сè уште му недостигаше малку во споредба со Макс во вакви услови на трка, но тој сепак добро се снајде.

Мекиес ја призна заслугата на брзината на Ред Бул на правците, бидејќи Макс Верстапен се бореше со неговото враќање за да победи на трката по неуспешниот пит-стоп од страна на тимот кога тој остана во место 11 секунди.

Тоа не е прва трка со која се тркаат со предност на правците во споредба со сите други болиди.

Тие успеаја да се справат со тоа и секако кога има некои борби како денешните, тоа им дава предност, тоа е нешто што секогаш  треба да го балансираме помеѓу времето и брзината на кругот и мислам дека тие имаа малку предност во темпото.

Ред Бул му ја посвети победата на трката и нивната петта титула на конструктори на нивниот покоен основач Дитрих Матешич, а Мекиес смета дека тоа е соодветна почит за австрискиот милијардер кој почина во саботата непосредно пред квалификациите.

Тоа секако е вистинското место за да му оддадеме почит на Дитрих Матешич. Сите го имаме во нашите мисли. Тој живееше за спортот и секако нашите мисли се со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ