Ферари со објаснување за скапата грешка со Леклер

Ферари ја објаснија причината зошто Шарл Леклер ја стартувале третата сесија на квалификациите во Бразил на сини интермедиа гуми, избор кој го уништи нивниот резултат. 

Сите 10 болиди се наредија во линијата пред боксовите на мазни софт гуми освен Леклер, откако тимот за него одбра ризик со интермедиа. Квалификациите започнаа во влажни услови, но патеката почна да се суши, иако според прогнозата се очекуваше жесток дожд во последниот дел. Но, тоа не се случи и Леклер не успеа да постави добро време. 

Лорен Мекис, спортскиот шеф на тимот, објасни зошто екипата се одлучила за поделена стратегија за своите возачи и се надевале дека Леклер ќе профитира од дождот кој требало да дојде и сакале да му обезбедат грип на патеката. 

Беше тешка сесија за сите тимови, Сесија со многу тешки одлуки. Кај некои успеа, кај некои не.

беше Фрустрирачки бидејќи двата болида влегоа во К3 и потоа имавме тежок избор. Од друга страна, патеката се сушеше и златното правило е дека тоа мора да се искористи. Од друга страна, се очекуваше силен дожд пред крајот – објасни французинот од скудерија.

Леклер се мачеше со грипот и кога дојде по софт гуми, дождот се засили. Во тоа време, излетувањето на Расел ја прекина сесијата и никој не можеше да постави добро време. 

Никогаш не може да се знае кој ќе се усреќи, а кој не. Тоа се случи и Дождот задоцни за Шарл, но беше вистинско време за Карлос кој беше втор на патеката.

Сепак стартуваме од 5та и 10та позиција. Ова е долг викенд. Утре ќе возиме 100 километри, а задутре уште 300 километри каде ќе се бориме за подобри позиции. Мислам дека ќе бидеме во подобра позиција од минатиот викенд во Мексико. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ