Ферари ќе го задржи правото на вето

Ферари потврдија дека ќе го задржат правото на вето и со новите Формула 1 правила како дел од новиот Конкорд договор кој треба да биде потпишан од сите учесници во спортот по таа година.

Итаијанците имаат право на вето односно смеат да ги блокираат правилата кои сметаат дека не се од нивни интере и од интерес на спортот во целина. Иако многумина, вклучително и првиот човек на ФИА, Жан Тод, сметаат дека Ферари не треба да има право на вето, сепак согласно новите правила во Маранело ќе останат привилегирани.

Луис Камилиери, првиот човек на Ферари потврди дека ќе го задржат правото на вето како нешто кое што го сакале и останатите учесници во спортот за да се осигура добар баланс против радикални промени на правила кои евентуални би се востановиле во иднина.

го задржавме ветото и тоа е критично и клучно не само за ферари туку и за цела формула 1. се сомневам дека некогаш ќе го искористиме, но со самото тоа што го имаме ги тераме луѓето да ни дадат внимание и д не слушаат.

мислам дека тоа е многу важно, некои екипи сметаат дека ветото е анархистично и не треба да постои, но некои сметаат дека е добра идеја да се има возрасен човек помешу сите – објасни камилиери во своето интервју за Financial Times.

Ферари го искористи правото во 2005 година кога го блокираше правилото да се воведе максимална цена за мотори и менувачи. Преговорите за новите Конкорд договори се во тек, а италијанците не гледаат некаква прчка за нивно останување во врвната моторспорт тркачка серија.

ние сме целосно посветени, а новиот конкорд договор е само почеток, вистински почеток од нула. работите треба да еволуираат во периодот кој следи и да се договорат здрави основни принципи. сеуште имаме многу работа.

клучно е да се осигураме дека формула 1секогаш ќе остане врвот на моторспортот и ќе има доволно место за технолошка креативност и иновации кои се днк на серијата низ историјата.

пред една година имаше обид да се стандардизираат делови, но пропадна и тоа е одлилно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ