Ферари ќе го продава јубилејниот болид од Тосканското ГП

Скудерија Ферари реши да продава реплика од јубилејниот СФ1000 болид кој се возеше на нивната 1000та трка за Големата награда на Тоскана на нивната патека во Муџело. 

Ферари ја славеше својата 1000та трка на домашната патека во Муџело каде болидот беше во потемната црвена боја како за време на нивните почетоци. Болидот кој беше наменет за прославата во Фиренца, беше потпишан од Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Втора реплика ќе биде поставена во музејот на Ферари во Маранело. 

Болидот на аукцијата ќе биде организиран од РМ Сотби која започна во Понеделник и ќе трае до трката во Абу Даби. Костимот и ракавиците кои ги носеше Леклер, Фетел и Мик Шумахер ќе бидат дел од аукцијата како и други делови од болиди. 

Ферари е уникатен бидејќи е единствениот тим кој учестувал во сите сезони на Формула 1 до сега. Оваа година имавме историски јубилеј со 1000та трка на домашната патека во Муџело.

Поради таа прилика болидите беа обоени во посебна боја како првиот Ферари. За да го обележиме овој настан направивме два болида од кои едниот ќе биде на аукција – изјави Матиа Биното. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ