Ферари ќе ја разгледаат грешката со стратегијата од Бразил

Матиа Биното изјави дека сака со тимот да ја разгледа грешката со гумите на квалификациите во Бразил. 

Шарл Леклер доби интермедиа гуми кога сите други беа на мазни гуми на квалификациите. Поради погрешните гуми, тој стигна до 10та позиција од која стартуваше на гридот.

Ферари објаснија дека сакале да се обидат со различна стратегија со своите возачи бидејќи очекувале дождот уште посилно да заврне, но тоа не се случи и скапо ги чинеше. 

Очигледно временската прогноза беше како лотарија. Фактот што Магнусен беше на пол позиција, а Хамилтон на осма позиција е лотарија.

Направивме грешка и со интермедиа гумите и со мазните. Грешки се случуваат и Мора да учиме од нив бидејќи одлука се донесува во минута. Сакам да го разгледаме процесот што не донесе до ваква одлука и да видиме каде грешиме – посочи швајцарскиот инженер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ