Ферари 643 на Алези се продаде за драстично повеќе од Џордан 191 на Шумахер

Ферари 643 од 1991 година е продадено за неверојатни 3,66 милиони евра на аукција.

Впечатливиот болид го возеле Жан Алези и Џани Морбидели на Големата Награда на Австралија, Британија и Франција, а истиот е придвижуван од 3,5-литарски атмосферски В12 со над 700 коњски сили. Болидот е во целосно возна состојба и е прифатлив за историски тркачки настани, вклучувајќи ги Formula Legends 3.5L и Ignition GP.

Ова е втора продажба од висок профил на Формула 1 болид од 1991 година во Париз овој месец по дебито на болидот на Михаел Шумахер, Џордан 191, продаден за 1,3 милиони евра преку Bonhams.

Но, ферарито на Алези се продаде за многу повеќе, достигнувајќи 3,66 милиони евра на аукцијата на Soteby`s.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ