Ферари 643 на Жал Алези оди на аукција

Болид на поранешниот Ф1 тркач, французинот Жан Алези, Ферари 643 управуван во 1991 година е поставен на аукција за претпродажна цена од 3,1 до 3,6 милиони долари во Париз.

Болидот на аукцијата е шасија број 127 и може да се пофали со 3,5 литарски V12 мотор кој произведува 710 коњски сили. Алези го возеше болидот на Ферари околу Мањи-Кур во 1991 година каде заврши на четвртото место, а истата шасија беше возена на трки во Австралија и Велика Британија.

RM Sotheby’s ќе го стави болидот на аукција во Париз на 1 Февруари во Salles du Carrousel во палатата Лувр.

Претходно годинава, Ферари Ф300 на Михаел Шумахер од 1998 година се продаде за 6,220,000 долари на аукција. Рено Р24 на Фернандо Алонсо од последните три трки од сезоната во 2004 година беше продаден за 258,125 евра во Февруари оваа година. Во Јули 2021 година, аукција за Мекларен МП4-25, која го однесе Луис Хамилтон до победата на Турското Гранд При во 2010 година, достигна сума од 4,730,000 фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ