Фетел: Бавните менувања беа поради опремата, не механичарите

Себастијан Фетел ја заврши својата предпоследна трка со Ферари надвор од поени, а неколку бавни менувања во боксот не помогнаа во неговите шанси.

Фетел го помина поголемиот дел од трката на пониските позиции, помеѓу Ландо Норис и Антонио Џиовинаци. Како и повеќето влегувања во бокс за италијанската екипа годинава, повторно истите не беа нивна најсилна страна. Во двете влегувања на Шакир, Фетел имаше многу бавно менување на пневматиците. Но по трката, Фетел не ги обвини своите механичари, сметајќи дека опремата е виновна.

Доволно е тешко за нив, греота се. Опремата мора да се подобри во дизајнот и не се момците виновни.

Мојата трка не беше важна. Бевме прилично бавни на стартот. Не можев да ги следам тие пред мене, не надоместував на правците, дури и со ДРС и следење. Ни недостасуваше моќ, не знам дали промената на моторот влијаеше над тоа. 

Само се бранев целата трка и не можев да надоместам со софт пневматиците на крајот. Очигледно менувањето во боксот не направи разлика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ