Фетел: Во ваква трка, мојот пласман е неважен

Себастјан Фетел смета дека неговта трка и освоеното 12то место на крајот на истата е неважно со оглед на се што се случуваше на Шакирското Гранд При вчера.

Емоциите беа огромни по победата на мексиканецот Серхио Перез во неговиот 190ти старт на Формула 1 трка, додека Естебан Окон исто така многу емотивно, стигна до својот прв подиум во врвната моторспорт тркачка серија.

Фетел продолжува со бледите изданија во својата последна година за Скудерија, но овој пат може да се утеши со тоа што тимот каде ќе мине следната година, победи на Шакир, а имаа и трето место.

мојата трка денеска беше небитна, бевме бавни и не можев да останам со оние болиди пред мене.

не добивав ништо на правците, не ги стигнував дури и со повлекување од болидот пред мене и со помош на дрс. се бранев цела трка и не можев да искористам ништо нити со софт гумите на крајот. промената на гуми не направи разлика затоа што последното безбедносно возило ни ја неутрализира таа стратегија – изјави фетел а британски Sky F1.

Германецот призна дека е  нетрпелив да се приклучи на својата нова екипа по разочарувачката сезона во Ферари иако е свесен дека победата зачинета со двое подиум дошла и поради огромни и несвојствени проблеми за Мерцедес.

јасно е дека денеска беше чудна трка со безбедносните возила и се што се случуваше. не знам што точно се случи со рејсинг поинт, но беа навистина многу силни. нетрпелив сум да почнам да возам за нив, но претходно имам незавршена работа која во моментов е болна, а денеска беше многу тешко.

Германецот исто така го пофали и Серхио Перез чие место ќе го превземе следната година, а го коментираше и одличното издание на Џорџ Расел во Мерцедес.

Честитики за серхио и навистина сум многу сеќен за него. во исто време жал ми е за џорџ, колку што јас разбрав тој водеше цело време и дојде до своите први поени, но му посакував да победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ