Фетел: Губењето на Спа е целосно погрешно

Себастијан Фетел застана во одбрана на трката за Големата награда на Белгија и смета дека нејзиното отстранување е погрешно. 

Фетел е повеќекратен победник на Спа и направи споредба со брзината на таа патека со новите патеки во Формула 1 во кои возачите не уживаат на ист начин. Иднината на Спа е под знак на прашање бидејќи истекува нејзиниот договор и сеуште нема нов. 

Спа е одлична патека и не познавам возач кој не ја сака Спа. Од друга страна, знам возачи кои не ја сакаат Русија. Не Русија како држава, туку поради сличноста на патеката. Спа го има мојот глас. Погрешно би било да ја загубиме Спа – смета германецот.

Верстапен се согласи со Фетел и смета дека патеката мора да остане засекогаш на календарот. 

Би било штета да ја загубиме Спа. Тоа е моја омилена патека, посебно со новите промени. Одлично е да се вози во Формула 1 или било кој болид. Мислам дека се потребни вакви патеки во светот со брзи свиоци, но изгледа тоа е нереално. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ