Фетел за новата розева кацига: Гордоста не е важна

Себастијан Фетел смета дека не погрешил што повеќе неам да го има германското знаме на својата заштитна кацига и наместо тоа истата ќе биде обоена со розева боја во чест на спонзорот БВТ.

Четирикратниот првак освен новиот тим, Астон Марти, доби и нова улога, а тоа е да биде Амбасадор на австриската компанија за третман на вода, БВТ, која има многу одржливи проекти. Цел на австријците е да се прекине со корисење на еднократна пластична амбалажа низ светот и да се користат фабрики за третман на водата со цел да е има поголеми количества вода за пиење.

Новото партнерство на германецот со БВТ значи и нова розева кацига за него, кацига на која е испишано “Промени го светот, капка по капка“. Познатите три бои од германското знаме повеќе ќе ги нема на врвот од неговата кацига, но тој смета дека тоа ене е важно кога се работи за големување на свесноста и за подобро утре.

нема потреба да бидам горд и да се држам до германското знаме, дизајнот е сличен корените се слични, но пораката е моќна и јасна. екипата има историја со БВТ, не се работи само за силно партнерство туку и голема технологија во позадина со цел да се направи водата за пиење достапна во места кои вообичаено ја немаат.

јас имам технологија дома и не користам пластични шишиња повеќе, тоа треба да го сторат сите за помалку пластично ѓубре во светот.

мислам дека формула 1 силно притиска за да се ослободи од пластиката во падокот, а јас давам се од себе послендите неколку години и мислам дека има решение во компании како бвт кои испорачуваат и работат такви технологии на кои треба да целиме за подобро утре и подобра иднина.

главно нешто на што работиме е да создадеме свест. боењето на кацигата е ситница, но тоа треба да допре до многу голем број на луѓе и навистина сум задоволен што мојата порака е забележана – објасни себастијан.

На предсезонскиот тест во Бахреин на неговата розева кацига имаше дел со германското знаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ