Фетел: На Ф1 и требаат болиди што се претекнуваат без ДРС

Себастијан Фетел изјави дека Формула 1 треба да донесе нови технички правила согласно кои возачите ќе може да се престасуваат без ДРС. 

Болидите за оваа сезона се правени според нови правила кои треба да го приближат гридот. Возачите коментираа дека следењето е полесно, но сепак ДРС игра поголема улога. Формула 1 го користи ДРС повеќе од една декада и според Фетел тоа е клучно за престасувањето. 

Мислам дека сега има помал отпор од претходно и може повеќе да добиеш од ДРС. Но, треба да се направат болиди без ДРС за да видиме како ќе се престасуваат.

Мора да си внимателен со ДРС бидејќи се чини дека само така може да престасаш. Ни требаат правила да може да се тркаш без ДРС. системот  е тука само 10 години како експеримент – посочи четирикратниот првак.

Фетел предупреди на користење ДРС во борбите меѓу Верстапен и Леклер. 

Мислам дека престасувањето бара секогаш повеќе напор и не треба да е диктирано од ДРС. Во Џеда видовме дека си играа со тоа. Мислам дека не треба да е така. Сеуште е рано, но ова мора да се поправи. Престасувањето е тешко и мора да се даде напор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ