Фетел: Нема да се тркам во Русија

Себастијан Фетел јавно изјави дека по инвазијата на Русија над Украина, нема да се трка на Руското Гранд При кое е на програмата во Септември.

Формула 1 потврди дека будно го следи развојот на настаните во однос на руската инвазија над Украина утрово по неколкумесечни тензии помеѓу двете држави. УЕФА веќе најави дека има намера да им ја одземе на русите овогодинешната организација на финалето од Лигата на Шампиони во Јуни поради актот на агресија, а плановите за трка во Русија секако дека се под голем знак прашалник.

Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, во исто време е и директор на Асоцијацијата на Гранд При возачи и во последно време еден од најгласните за борба за човековите прва. На прес конференцијата за време на тестирањето, тој откри дека нема да зборува го име на возачите членови на ГПДА, туку само за себе потврди дека нема да се трка во Русија.

утрово бев шокиран кога се разбудив и кога ја чув вест. мислам дека е ужасно да се види што се случува и ако го погледнеме календарот уште поужасно е што треба да се тркаме таму.

лично за мене, по мое убедување, јас не би одел таму, нема да одам, нема да се тркам затоа што мислам дека таа земја е погрешно место за овој спорт. жал ми е за луѓето, жалам за невините луѓе кои ги губат животите и умираат за глупави причини под лудо раководство.

сигурен сум дека ќе разговараме аз оваа тема, но ние како асоцијација на возачи сеуште не сме се состанале годинава.

во врска со мене, мојата одлука е конечна дека нема да одам и нема да се тркам таму – изјави фетел.

Фернандо Алонсо од Алпин смета дека Формула 1 на крајот на денот ќе направи исправна рбота со својата одлука, а Шарл Леклер го поддржа спортот велејќи дека треба да се има повеќе информации пред да се реши дали ќе се одржи трката. Макс Верстапен поосочи дека кога некоја земја е во војна, не е исправно да има трки таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ