Фетел: Обемниот календар не смее да ги занемари луѓето

Себастијан Фетел смета дека Формула 1 не смее да ги занемари луѓето во се подолгиот календар за трки во пресрет на рекордната 2022 година која ќе има 23 настани.

Во периодот кој следува спортот се подготвува да го потврди најдолгиот календар во историјата на Формула 1, а Стефано Доменикали, првиот човек на спортот, потврди дека истиот ќе содржи рекорденн број на трки, дури 23, а сезоанта ќе заврши порано од годинава.

Таквиот распоред става акцент на Формула 1 персоналот кој ќе мора да патува на секоја трка и да го жртвува приватниот живот за работата, а то особено се однесува за оние кои се на патека за време на тркачкиот викенд кој трае четири денови.

Запрашан околу календарот од 23 трки, Себ изрази загриженост за луѓето кои работат во серијата.

не смееме да запоставиме и да ги заборавиме луѓето кои атуваат со спортот насекаде низ светот. може сами да пресметате, годината има 52 викенди, ние ќе возиме 23 трки, така што сезоната ќе биде густа и напната, а не останува време речиси за ништо.

целта е да имаме одржлива сезона, не само за околината, туку и за човечкиот персонал. ако имате толку многу луѓе вклучени на секоја трка, ние озачите сме привилегирани затоа што нашата работа е драстично помала – објасни фетел.

Германецот смет дека Формула 1 мора да најде начин за луѓето вклучени во првенството да имаат нормален живот надвор од спортот и да минуваат време со своите семејства.

луѓето мора да живеат нормално, да бидат дома и да се грижат за своите деца. најголем број до нив, без разлика дали се инженери или механичари од тимот, имаат семејства и деца за кои се грижат. мораме да бидеме внимателни со приоритетите кои ги поставуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ