Фетел: Расел има талент и способност да освои титула

Себастијан Фетел тврди дека Џорџ Расел го има она што е потребно за да победи во Формула 1 шампионатот доколку му се даде соодветен болид и поддршка за да го стори истото.

Фетел, на кого му беше доделена наградата Грегор Грант за неговите животни достигнувања во автомобилизмот, за време на доделувањето на наградите за моторспорт, зборуваше за Скај Спортс и беше прашан за шансите на Џорџ Расел да освои титула во Ф1.

Толку е тешко да се каже. Но, ако го добие вистинскиот болид, вистинската опрема, вистинскиот тим, и мислам дека е на добро место, тогаш да, мислам дека тој има талент и вештина.

Потребно е повеќе од талент и вештина, но се чини дека тој работи напорно, па да, има добри шанси – изјави Фетел.

Џорџ Расел од Мерцедес, кој исто така ја доби наградата „Момент на годината“ за 2022 година за неговата прва победа во кариерата во Ф1 на Големата Награда на Сао Паоло во 2022 година, изјави дека е подготвен да тргне по титулата.

Се чувствувам апсолутно подготвен да освојам светско првенство. Се чувствувам подготвен веќе неколку години. Мислам дека оваа сезона покрај Луис беше огромна за мене лично да научам некои од малите детали, како да извлечам повеќе од мојот болид, повеќе од мојот тим и да извлечам сè од пакетот кога е навистина важно.

И дефинитивно ќе имам навистина силна зима. Ќе работам навистина напорно со мојот тим. Секој човек во фабриката на Мерцедес ќе притиска максимално да испорача добар болид, за да ни даде шанса да се бориме следната сезона.

Расел го победи одликуваниот тимски колега Луис Хамилтон во нивната прва заедничка сезона во Мерцедес, а помладиот британец четврти кај возачите во споредба со шестото место на Луис кој не успеа да победи на трка во една сезона за прв пат од неговото деби во 2007 година.

Запрашан за неговото достигнување, Расел рече:

Претпоставувам дека ако ми го кажевте тоа на почетокот на годината, ќе бев невообичаено среќен бидејќи ако го победите Луис Хамилтон во Мерцедес, најчесто тоа значи дека ќе бидете светски шампион. .

Очигледно, би ги тргнал позитивите од сезоната, но нема да славам што завршив на 4то место во првенството.

Ќе ја прославам победата на трката во Бразил бидејќи тоа беше огромно достигнување за мене и за целиот тим. Но факт е, сите ние сме тука за да победиме и тука сме да ги освоиме светските првенства. Значи, не завршивме совршена работа оваа сезона.

Но, според стандардите што ги постави овој тим, некои стандарди што си ги поставив себеси… тоа не е доволно добро и треба да продолжиме следната година и да дадеме повеќе – заклучи 24 годишниот возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ