Фетел сака да се врати на Имола

Себастијан Фетел изјави дека сака повторно да се трка на легендарниот автодром Енцо и Дино Ферари, односно на Имол во Сан Марино, откако Формула 1 сеуште има слободен термин за 4та трка од овогодинешниот календар.

Спортот го објави новиот рекорден календар од 23 трки за оваа година, календар на кој Холандското Гранд При и Големата награда на Саудиска Арабија ќе бидат нови настани, но Виетнамското Гранд При е под знак прашалник поради политичките проблеми во земјата.

За празното место се чини дека легендарната Имола која лани ја организираше Големата награда на Емилија Ромања е во пол позиција, а тоа го сака и Себастијан Фетел.

претходно никогаш не сум се тркале на имола, патекатра е импресивна и одлично е да се вратиме таму затоа што навистина се чувствува брзината на болидите. ме потсети на јапонија на некој начин, сакам повторно – изјави фетел за Motorsport-Total.com.

Сепак, насилна трка на Себастијан лани беше уште една која во “корона календарот“ се најде во последен момент, односно Турското Гранд При на Истанбул парк. И турците како и Имола и Портимо се борат за празното место во годинешниот календар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ