Ревидираниот распоред и правила за спринт тркачки викенд се потврдени од страна на ФИА денеска, така што и официјално сабота е ден за спринт квалификации и трка, а недела останува ден за Гранд При.
Новиот формат за прв пат ќе се користи викендов во Азербејџан, прв од шест закажани спринтови сезонава, а останатите ќе бидат на Ред Бул Ринг, Спа, Катар, Остин и Сао Паоло. Промените се дизајнирани да создадат самостојни саботни спринт настани кои нема да влијаат на неделниот грид за главната трка и сето тоа за да се натераат возачите повеќе да притискаат, а грешките помалку да чинат.
Ревдираниот викенд нема повеќе да има втора петочна сесија, нешто што екипите и возачите сметаа дека нема никакв смисла. Екипите од поодамна постигнаа согласност за новата регулатива, а Формула 1 Комисијата и Светскиот Мотор Спорт Совет саи ги потврдија.
Во петок ќе има само еден тренинг, утринскиот, а потоа следуваат квалификации за главната трка кога ќе биде утврден неделниот стартен поредок. Во Сабота ќе има квалификации за спринтот или таканаречен sprint shootout кој ќе биде поделен во три делови исто како и традиционалните квалификации, но времето е покусо, првиот сегмент е 12 минути, вториот 10, а последниот 8. Таму се одредув стартот за кусиот спринт од 100 километри.
Користењето на гумите беше тема на дискусија за спринтот, а поради фактот што нема да има втор тренинг во петок, ќе се заштедат гуми, но дополнително беше решено медиум да биде задолжителен за првиот и вториот сегмент, најмеките гуми за последниот.
Применат на казните исто така беше предмет за дискусија и беше решено казните да не важат за спринтот кој треба да биде самостоен настан, а никоја казна добиена на спринт нема да се користи на главна трка.
Во однос на распределбата на поени, првиот добива 8, вториот 7 и се така до 8от на крајот кој ќе добие поен.
ФИА ги појасни и казните:
- грид казна добиена на првиот петочен тренинг или квалификациите ќе важи за главната трка
- грид казна добиена на спринт квалификациите ќе важи само за спринтот
- грид казна добиена на спринтот ќе важи и на трката
- прекршување на парк ферме правилата ќе резултираат со старт од бокс на спринтот и главната трка
- казни за моторите ќе се однесуваат само за трката.