Доменикали: Нема да има спринт на секоја трка

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, уверува дека немаат план да ги следат МотоГП и да имаат спринт на секоја трка. 

Во Баку беше променет форматот на викендот и се возеше првата спринт трка оваа сезона. Ф1 календарот наредната сезона треба да има 24 трки и ќе има дури осум спринт трки споредено со шест оваа сезона. 

Доменикали добил позитивни информации за новиот формат, но признава дека е тешко да се задоволат постарите фанови на спортот. Тој не отфли промени во новиот формат за наредните спринт трки во Австрија и Белгија. 

Секако тоа ќе во согласност со тимовите и ФИА. Нашата идеја е секогаш да има акција на патеката.

Првата трка беше охрабрувачка. Им се допадна на сите. Секако мора да ги учиме лекциите и ќе видиме до крајот на летото дали треба нешто да се промени. Секако промените не ги прифаќаат старите фанови – свесен е италијанецот.

Во однос на бројот на спринтови, тој објасни:

Не сакаме да се најдеме во ситуација во која имаме спринт на секоја трка. Мора да ги ограничиме на третина од трките и да направиме нешто посебно во однос на комерцијалниот дел. 

Доменикали истистира дека промени мора да има во спортот посебно кога се менуваат правилата. 

Сите спортови трпат промени. Тоа го видовме и во бејзбол и во НБА. Сите професионални спортови ги слушаат своите фанови, промотери и партнери за спортовите да бидат повозбудливи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ