ФИА смирува: Нема докази дека Мерцедес се виновни

ФИА смирува дека нема никакви докази оти Формула 1 тимот на Мерцедес нелегално давал документи и информации на Форс Индија при производството на нивниот “розев Мерцедес“ за оваа тркачка сезона.

Рено официјално се жалеа на системот за ладење на сопирачките на РП20 болидот кои не се на листата на дозволени делови лани, но се за оваа сезона, што значи дека постои можност Мерцедес нелегално да давал свои делови на екипата од Силверстон.

во овој случај мислам дека нема да има голема дебата околу тоа што се случило. мислам дека дебата ќе се одвива во врска со тоа дали се прекршени правилата или не и не треба да бидеме детективи, повеќе треба да сме филозофи или адвокати, но не и детективи – смета николас томбазис, одговорен за отворените едносед болиди во фиа.

Во врска со можноста и Мерцедес да бидат обвинети за давање на делови кои не се дозволени, Томбазис смета дека тоа би се случило само доколку се докаже дека се пренесувале информации, а не смеело тоа да се случи.

треба да се направи разлика затоа што доколку нелегален трансфер на интелектуална сопственост се случува на дозволени компоненти, како на пример доколку мерцедес дале на рејсинг поинт предно крило односно дизајн на истото, што е дозволено и согласно правилата.

мислам дека мерцедес би иале големи проблеми доколку споделувале информации за работи кои не смееле, но немаме таква индикација. мислам дека информацијата била пренесувана само околу дозволените компоненти

сметам дека мерцедес не се дел од оваа работа, во моментов е дали рејсинг поинт кориселе такви компоненти од минатата година и што ќе се случи потоа. тоа е суштината како и начинот на кој рејсинг поинт се однесувале со акви информации како и кога биле истите прибавени – објасни томбазис.

Николас потврди дека по крајот на Штаерското Гранд При и протестот кој го вложи Рено, тие одзеле едни предни и едни садни делови за ладење на сопирачките од Рејсинг Поинт.

конфискувавме осум компоненти од претходната трка, ги истраживме детално и потврдивме дека сите беа идентични едни на други, сите предни беа исти, сите заедни беа исти. со одобрување од стјуардите и од рено, им вративме шест на рејсинг поинт, а задржавме по еден од предниот и еден од задниот дел на болидот.

побаравме од мерцедес да ни ги дадт истите компоненти, кога велам истите мислам на оние коио тие ги користеле лани, за кои рено цели дека се исти како на рејсинг поинт.

она што од нив побаравме е и да ни ги достават податоците од компјутерските симулации за тие компоненти за детално да анализираме и да да видиме дали се слични и дали се воопшто слични. сето тоа е работа во тек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ