Култхард и Џордан: Формата на Хамилтон му дава предност над Расел

Седумкратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон, моментално ја предводи тимската битка во Мерцедес.

Поранешниот возач во Ф1, Дејвид Култхард, верува дека Луис Хамилтон го свртел вниманието против Џорџ Расел во Мерцедес.

Седумкратниот светски шампион ја помина својата прва сезона без победа во неговата 16 годишна Ф1 кариера минатата година, додека тимскиот колега Расел ја обезбеди единствената победа на Мерцедес на Големата Награда на Бразил.

Расел, исто така, ја заврши својата прва сезона со Сребрените Стрели пред Хамилтон во поредокот за возачи, додека новата сезона започна на сличен начин.

Но, Хамилтон освои повеќе подиуми за германскиот производител и се наоѓа напред на табелата во шампионатот, а поранешниот возач на Вилијамс, Мекларен и Ред Бул, Култхард, го изјави следното:

Ние го предупредивме Расел да внимава, затоа што Луис, кога е во форма, е страшен тимски колега.

Дефинитивно видовме пресврт, во однос на тоа што Луис изгледа прилично остар, има оваа посветеност во неговиот глас кога тој зборува со тимот.

Поранешниот сопственик во Ф1, Еди Џордан, додаде:

Бев многу загрижен за Расел.

Сепак, Џорџ апсолутно надмина сè што мислев дека може и тој е брилијантен потенцијален иден светски шампион, ако е на вистинската позиција и го има вистинскиот болид.

Меѓутоа, Луис ја издигна својата игра. Тој повторно ја најде својата силна форма. Возеше добра тактичка трка во Канада, извлекувајќи го најголемиот потенцијал од болидот.

Мислам дека е охрабрувачки она што го гледаме во Мерцедес, но на нив сè уште им треба малку да стигнат до Астон Мартин кој се уште изгледа многу силен во однос на Ред Бул.

Но, не гледам дека Ред Бул ќе страда во иднина. Мислам дека првенството е завршено, тажно е да се каже, но тоа е она што мислам, не гледам некој да го допре Макс Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ