Фред Васур заминува од Алфа Ромео следниот месец

Фредерик Васур ќе ја напушти улогата на шеф на Алфа Ромео и Главен извршен директор на Заубер Моторспорт во Јануари 2023 година по шест години на чело на швајцарската екипа.

Тојт дојде во Заубер во 2017 година кога тимот беше последен кај конструкторите и имаше задача да го изгради одново славниот приватен тим. ја земаа славната италијанска Алфа Ромео за главен спонзор и го ребрендираа тимот, така што годинава стигнаа до 6то место кај конструкторите, најдобар пласман последните 10 години за нив.

Се верува дека французинот одиграл клучна улога во влезот на Ауди во Формула 1 токму преку Заубер како партнер.

како што се подготвувам да ставам крај на мојата авантура во алфа ромео тимот, можам со радост да се присетам на минатите шест години заедно. им должам многу на секој член од тимот затоа што тие беа оние кои го однесоа тимот на вистинскиот пат и го искачија по скалилата во спортот.

горд сум на работата што колективно како екипа и компанија ја завршивме, дури и силните темелни кои ги поставивме за она што следува, но најмногу сум горд на луѓето кои го овозможија сето ова, луѓето со кои станав вистински пријател.

екпата секогаш ќе биде мој дом и ќе навивам за нив без оглед каде ќе одам. научив многу за време на моите функции како главн извршен директор и тимски шеф, секој ден беше ново искуство за мене.

знам дека алфа ромео ќе стануваат само посилни и нетрпелив сум да ги видам како ќе бидат силни на гридот во периодот кој следува – изјави васур.

Претседателот на Заубер Холдинг, Фин Раусинг, дополни:

фредерик му даде на тимот шест одлични години инспирирани од неговото лидерство и напорната работа и ни помогна да го изградиме одново тимот и нашата компанија. тој успеа да ги охрабри сите вработени да дадат се од себе, да стигнат до неверојатно добри резултати кои ги постигнавме што се сведоштво за квалитетот и перформансите кои ги имавме со него на чело во тимот.

тој беше прв кој веруваше вистински во нашиот проект и го остава тимот далеку посилен одошто кога дојде, тимот е во многу поздрава позиција од претходно и имаме светла иднина пред нас што и побаравме од него. сигурен сум дека сите во тимот го мислат истово и у посакувам на фред се најдобро во своите идни ангажмани.

Веќе некое време се шпекулира дека Васур ќе биде замена за Матиа Биното во Ферари, додека шпекулациите велат и дека нов шеф на Заубер ќе стане Андреас Сеидл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ