Ф1 очекува милијарда фанови до следната година

Челниците на Формула 1 очекуваат да имаат една милијарда фанови до Април следната година, а особено очекуваат да имат пораст на следачите на возраст од 16 до 35 години.

Во студија направена од страна на аналитичката компанија Нилсен Спортс, анализата вели дека серијата на Нетфликс и појавувањето на виртуелните тркачки настани, го засилиле интересот за тркачката серија. Тоа доаѓа како мотивација особено за помладите групи, а од Нилсен тврдат дека возрасната група од 16 до 35 години сочинува дури 77% од скорешниот пораст на интересот и дури 46% од сите Формула 1 фанови во Јануари годинава што е пораст во однос на лани кога беше 40%.

формула 1 продолжува да користи од својата стратегија на проширување на содржините кои се нудат преку дополнителни програми и тоа им се допаѓа на оние во возрасната група од 16 до 35 години.

сегашниот грид сочинет од млади возачи со активни социјални профили како на пример ландо норис, помага на следачите на тие платформи како твич и јутуб. со користење на тие платформи како и сервисите како оној а нетфликс каде е познатата drive to survive серија, формула 1 е одлично поставена да ги пречека новите фанови на спортот и да ги претвори во долгорочни следачи на тркачката серија генерирајќи голем интерес кај нив.

спортот ја продолжи својата посветеност кон #WeRaceAsOne иницијативата која се фокусира на одржливоста, различностите, заедницата и се обраќа на помладата публика учејќи ја за силните вредности на тие аспекти – велат од нилсен спортс.

Агенцијат вели дека користењето на платформите како Твич од страна на возачите во пресрет на задоцнетиот почеток на сезоната кој претрпи голема штета од пандемиајта, било огромна корист за Формула 1 која почна да организира виртуелни трки со своите возачи.

Прогнозата на Нилсен идентификува дека интересот за спортот пораснал за 73 милиони луѓе во 10 клучни територии лани и тоа Бразил, Кина, Франција, Германија, Италија, Русија, Јужна Кореа, Шпанија, САД и Велика Британија.

студијата на нилсен е важна да се разбере спортот и како фановите се навлекуваат на истиот. засилениот интерес кој го гледаме е охрабрувачки и ја зацврстува формула 1 како еден од водечките спортови.

особено го потенцираме интересот кај помладите од 16 до 35 години кое ја покажува посветеноста кон дигиталните и социјални платформи како и виртуелни трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ