Ф1 продолжува со порастот на приходите

Формула 1 продолжува со се посилни финансиски резултати по ударот кој го поднесе поради почетокот на пандемијата минатата годиа.

Извештаите за третиот квартал од годинава покажаа дека спортот приходувал 12% повеќе од минатата година односно 668 милиони долари наместо ланските 597 милиони долари, додека ланската загуба од 104 милиони долари беше претворена во профит од 80 милиони долари откако екипите го добија својот дел од колачот од 338 милиони долари.

Финансиите се подобруваат и покрај фактот што лани во периодот од Јули до Септември ба одржан и10 трки, а годинава три помалку. Вообичаено помалку трки логично значат помал приход, но лани немаше присуство на гледачи на патеките, а промотерите добија посебни договори за да се превземе дел од финансискиот удар.

Приходот од телевизиски права исто така е намален последниот квартал поради фактот што телевизиите од Јули до Септември пренесуваа помалку трки, така што тоа најдобро покажува колку дополнително заработил спортот од плаќањата на промотерите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ