Ф1 размислува за промени во спринт форматот

Спринт форматот на Формула 1 тркачките викенди може да биде променет за следната тркачка сезона.

Оваа и минатата сезона имаше по три Гранд При тркачки викенди кои имаа куси спринт трки, квалификации во петок, а исходот од спринтот беше стартен поредок за главниот настан.

Актуелниот првак, холанѓанецот Макс Верстапен, призна дека не е фан на спринт трките, а Формула 1 шефовите се почесто ги слушаат поплаките и повратните информации, така што се размислува за посебни квалификации за спринт трката, а посебни за главната трка.

јас сакам да има квалификации за спринт тркта во петок, а квалификации за главната трка во сабота наутро затоа што утринскиот тренинг во сабота во моментов на спринт викенд е целосно небитен – посочи гунтер стаинер, шефот на хаас.

знам дека догодина ќе има шест спринт викенди, така што мораме да најдеме начин да биде поразлично и позабавно од годинава – дополни верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ