Ф1 со нов план да не се повтори грешката од Јапонија

Формула 1 ќе прави промени во спортските правила за да не се повтори грешката во која не се знаеше дали Верстапен ја освоил титулата или не.

На скратената трка во Сузука, Верстапен победи но не знаеше дека станал шампион. Дури откако Леклер доби казна почнаа разговорите за титулата.

Поради правилото за поени за 75% од извозена должина никој не знаеше дали Верстапен има доволно поени.

Сега Ф1 и ФИА ќе превземат чекори ова да не се повтори.

По трката во Белгија која беше срам за Ф1 каде се доделија целосни поени за извозени два кругови под безбедносно возило, имаше промена на правилата.

Но повторно правилото беше напишано двосмислено и малкумина го сфатија.

Ф1 и ФИА планираат да го препишат правилото и ќе објаснат дека доколку трката не може да се продолжи ќе има намален број на поени. Но доколку се рестартира и се извози одредена должина ќе се поделат нормални поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ