Ф1 со раст на приходите од 49% во вториот квартал

Формула 1 го објави финансискиот извештај за вториот квартал од годината каде евидентно е пораст на приходите од 49% споредено со истиот период минатата година.

Од почетокот на Април до крајот на Јуни оваа година, тркачката серија инкасирала 744 милиони долари споредено со 501 милиони долари минатата година, најмногу поради отстранувањето на рестрикциите кои беа на сила во 2021 година поради корона вирусот, така што публиката на големо се врати на патеките.

Во исто време, годинава спортот руши рекорди во однос на гледаноста, продолжија Падок Клуб посетите, така што приходите се милионски. Во двата периоди се одржаа по 7 трки, но сезонава приходот од 7те трки е поголем поради тоа што не се работи за истите настани.

Исто така, пораст има и кај приходите од медиумски права поради продажба на телевизиските права и поголемиот борј Ф1 ТВ претплатници. Сето тоа, заедно со приходот од спонзорските договори го сочинуваат таканаречениот примарен приход на спортот кој е зголемен за 35% односно од 464 милиони долари на 628 милиони долари.

Уште една ставка во приходот кој е зголемена се транспортните и логистички трошоци кои ФИА ги наплаќа од тимовите за групно да ја пренесува целокупната опрема од трка на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ