Ф1 ќе дигитализира снимки од 1960-тите и 1970-тите години

Работата на организирање и архивирање на снимките од Формула 1 Гранд При тѕрките од 1960-тите и 1970-тите години е во полн ек како дел од нов проект кој се право во седиштето на тркачката серија во Лондон.

ITV Sport и Racing Past Media започнаа проект на дигитализација на значително голем обем на видео материјал кој е сопственост на ITV како преносител на спортот во првите 30 години од постоењето на Формула 1 тркачката серија.

Racing Past Media е компанија за моторспорт истражувања сопственост на Стив Рајдер, поранешен коментарор на ITV, а во тимот има и многу продуценти и истражувачи од Формула 1 минатото. Консултант и помошник во целиот проект ќе биде Роберт Фостер кој минал 25 години во продукцијата на Формула 1 трките, работел со телевизиските права во менаџментот на ББЦ.

Со овој проект се цели силно да се зголемат постоечките Формула 1 видео материјали од трките од пред 1981 година, сезоната кога за прв пат бил потпишан Конкорд договорот со кој се формализирале и средиле телевизиските права и поделбата на приходите од истиите помеѓу екипите, ФИА и Формула 1 менаџмент.

Следните три години Racing Past Media ќе работи низ архивите на ITV за да види што може да открие, а се очекува славното Јапонско Гранд При на Фуџи од 1976 година кога Џејмс Хант ја освои својата титула. Утше многу трки од тој период се дел од архивите затоа што ITV одработел над 50 Формула 1 телевизиски преноси.

не се работи толку за трките туку самиот документ и пропратните снимки кои ќе произлезат го прави овој проект толку вознудлив – велат од Racing Past Media .

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ