Хаас без логото на Рич Енерџи во Канада

Рич Енерџи побарале од Формула 1 тимот на Хаас да го отстранат нивното лого за претстојниот викенд за Големата награда на Канада поради тужбата за прекршување на правата на интелектуална сопственост.

Минатиот месец, Вајт Бајкс, компанијата за производство на велосипеди го тужеше Рич Енерџи поради тоа што сметаа дека им го ископирале нивното лого. За волја на вистината дизајнот е идентичен со оној кој се појавува на ВФ19 болидот и облеките во тимот.

побаравме од нашите партнери од хаас формула 1 тимот да го отстранат нашето лого викендов.

заштитниот знак е регистриран низ цел свет, вклучително и канада, но не сакаме медиумски циркус по тужбата од вајт вајкс и сакаме да победиме во жалбата пред судот – гласи соопштението од рич енерџи.

Дали логото ќе се врати на ознаките од тимот за викендот во Франција кој е по оној во Монтреал, останува да видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ