Хаас разговарале за партнерство со Рено

Гунтер Стаинер од Хаас изјави дека разговарал неколку пати со поранешниот шеф на Рено, Сирил Абитебул, за можно партнерство и широка соработка помеѓу двете екипи. 

Откако Мекларен се одлучија да се префрлат на Мерцедес мотор во 2021 година, Рено остана без клиенти. Абитебул неколку пати кажа дека барале партнерски тим, а не клиент.  Французите оваа година се ребрендираа во Алпин додека Абитебул го напушти тимот. 

Хаас е клиент на Ферари откако се приклучи на Формула 1 во 2016 година и се потпира на тимот за мотори и делови. 

Никогаш не дојдовме до момент на преговори. Само зборувавме и разгледувавме некои работи. Нема ништо во разговорите. Секогаш разгледувавме што е можно, а што не – откри стаинер.

Гунтер сепак смета дека Хаас и Ферари ќе продолжат на краток или долг рок.

Можам со сигурност да кажам дека во наредните години ништо нема да се промени во односот. Нашиот дизајн е во Италија. Ако се промени тоа нема да вреди ништо. 

Тој смета дека лојалноста е најважна и Ферари работат да го средат моторот. 

Верував во лојалноста, а исто и Џин. Без Ферари немаше да бидеме тука. Имавме мали проблеми. Но Ферари ќе ги среди.

Не треба да се бега од првиот проблем. Имаме добри односи со Ферари и сега сме во нашата шестта година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ