Хаас свесни дека мора да ја подобрат комуникацијата

Хаас се свесни дека мора да ја подобрат комуникацијата со своите возачи при претекнувањето за цел круг, откако неинформираниот Мазепин за малку ќе је уништеш трката на водечкиот Серхио Перез во Португалија.

Русинот доби казна од пет секунди за забавување и опасно возење кога требаше да му направи простор на лидерот на трката да го мине, а при развеани сини знамиња. По трката тој објасни дека не го видел возачот на Ред Бул зад себе, а мексиканецот мораше остро да сврти и да закочи за да не дојде до судар.

мислам дека сините знамиња се развејаа многу доцна, а тој веќе го помина вториот свиок од патеката кога се појави и светлото. јасно е дека мораме да ја подобриме комуникацијата особени при излегувањето од боксовите кога некој наближува зад нас – појасни гунтер.

Шефот на тимот исто така потенцираше дека Никита не се обидел намерно да забави никого и му олесна што доделените 5 секунди за русинот не промениле ништо.

ништо не беше намерно и на крајот ништо не се случи, знам дека не изгледаше убаво и среќа што 5те секунди не направија никаква разлика кај нас.

мислам дека чеко прифати со тоа што се случило, никита му се извини му кажа дека погрешил и дека немал никаква намера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ