Хакинен: Ауди е закана за водечката тројка

Поранешниот двократен Формула 1 првак, финецот Мика Хакинен, верува дека Ауди е значително дополнување на Формула 1 и нивното планирано ниво на посветеност ќе овозможи да се натпреваруваат со етаблираните фаворити.

Хакинен додава дека планираниот влез на Ауди во Формула 1 ќе стане значаен момент за спортот. За време на Белгиското Гранд При минатиот викенд, беше потврдено дека Ауди ќе влезе во Формула 1 како снабдувач на агрегати од сезоната во 2026 година. Тие, исто така, се очекува да инвестираат во актуелен Формула 1 тим, иако детали за ова допрва треба да се соопштат.

Ауди е еден од најуспешните производители во мотоспортот, со освоени шампионски титули во светскиот рели шампионат, светскиот шампионат во издржливост, Формула Е и ДТМ, меѓу другите.

Од почетокот на турбо-хибридната ера, само Мерцедес, Ред Бул и Ферари можеа да бидат редовни победници на трка, при што сите три станаа снабдувачи на агрегати за останатите.

Двократниот светски шампион во Ф1, Мика Хакинен, е оптимист дека додавањето на Ауди може да создаде поголема конкуренција на етаблираните предни три тима.

Формула 1 станува се посилна и посилна и одлуката на Ауди да се приклучи на светскиот шампионат во 2026 година е навистина значаен момент.

Иако најавија само програма за мотори за почеток, слушам дека планираат да соработуваат или да купат тим, ставајќи го Ауди во директна конкуренција со Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Ќе биде фантастично да се види тоа.

Планираниот влез на Ауди во 2026 година се совпаѓа со воведувањето на новите регулативи за погонски единици, кои ќе бидат поефикасни и ќе работат со одржливи горива, развој кој многу веројатно ќе биде од интерес за производителите на автомобили. Хакинен верува дека новите технички прописи, заедно со зголемената база на фанови на Формула 1, го направија спортот атрактивен за производителите и ја пофали тркачката серија за примамливоста на толку профитабилно дополнување.

Го гледам ова како резултат на одличната работа што Формула 1 ја направи во последниве години, зголемувајќи ја популарноста на спортот преку серии како Drive to Survive на Нетфликс, растот на социјалните медиуми и работата што е направена за подобрување на конкуренцијата – додаде Хакинен.

Регулативите за мотори од 2026 година се исто така атрактивни бидејќи моторите ќе имаат речиси половина од својата моќ од електрична енергија и ќе видиме замена на фосилни горива со зелено, одржливо гориво.

Јасно е дека ова е привлечно за голем производител на автомобили како Ауди, а воедно брилијантно дело на Ф1 и ФИА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ