Хакинен: Верстапен ќе промени екипа во иднина

Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, верува дека Макс Верстапен ќе промени тим во иднина со оглед на тоа колку брзо се менуваат работите во спортот.

Со победата во Јапонија, Верстапен ја освои втората титулата и неговите шанси со Ред Бул се доста големи за борба во иднина бидејќи има договор до 2028 година.

Верстапен има долг договор со Ред Бул, Многу години се во прашање и Добро е што толку верува во тимот. Има добри техничари и дизајнери, но календарот е брутален. Сите трки се исрпувачки за сите и Има многу патување. Може да се случи техничкиот персонал едноставно да се откаже и Тоа може да е проблем. Возачите имаат приватни авиони и се чека за нив. Тоа е различен стил – вели мика.

Успехот на Ред Бул и победите оваа година зависат од силен технички тим кој брзо се привикна на новите технички правила. Хакинен предупреди на пад на перформанси доколку си замине некој од персоналот.

Добро е што Макс верува во тимот и потпишува такви договори. Ризик е за клучните луѓе ако не ги исполнат очекувањата.

Не верувам дека Макс ќе остане до крајот на кариерата таму. Тоа е мое мислење. Сите возачи промениле тим и покрај многуте титули од различни причини, дали ради пари или едноставно сакаат промена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ