Хакинен ги поддржува Мерцедес

Ред Бул застанаа против техничката директива на ФИА донесена на средина од сезоната и Мика Хакинен ги подржа ФИА која ги слуша проблемите на возачите. 

Пред трката во Канада беше донесена техничка директива за да се намали потскокнувањето на болидите. Ред Бул има целосна контрола врз потскокнувањето и Кристијан Хорнер изјави дека промената на правилата на сред сезона не е во ред. 

Но Хакинен изјави дека ФИА брзо одговорила на барањата на возачите. 

Добро е што ФИА ги слуша загрижените возачи. Тоа е најдобриот начин да се справат со тоа што се случува и да се разгледаат податоците. Некои тимови сакаат промени бидејќи нивните болиди се неконкурентни – посочи финецот.

Иако ФИА се закани со дисквалификација за некои болиди, сепак се работи на тоа проблемот да се среди. Некои екипи сеуште немаат направено промени според техничката директива. 

Мерцедес има една работа подобра од Ред Бул и Ферари, а тоа е издржливоста. Тие се трет најбрз тим и успеваат да освојат поени. Тимот пробува некои работи со болидот и затоа им е тешко на возачите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ